Шокантно видео од Загреб: Заборавила да ја повлече рачната сопирачка, „Ауди“ заврши во куќа
Во Загреб за малку била избегната сериозна несреќа, откако автомобил „Ауди“ сам почнал да се движи само неколку секунди откако возачката излегла од него.
Според информациите и видеото објавено од локалните медиуми, жената го напуштила возилото без да ја активира рачната сопирачка. Не забележала дека автомобилот почнал полека да се движи по надолнината.
Возилото продолжило без возач, минувајќи дел од улицата, а потоа удрило во куќа.
За среќа, во моментот на инцидентот немало судир со други возила, ниту пак биле загрозени пешаци, па не се пријавени повредени лица.
Околностите на инцидентот се утврдуваат, а случајот уште еднаш потсетува колку е важно при напуштање на возилото секогаш да се активира рачната сопирачка.