Продаден службениот „Ауди А6“ на поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко
Службениот автомобил „Ауди А6“, кој неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, денеска е продаден на јавна аукција и доби нов сопственик од Битола.
Според информациите, возилото е продадено за 1.350.000 денари, односно околу 22.000 евра.
Средствата од продажбата ќе бидат искористени за подмирување на дел од старите долгови на Општина Струга. Информацијата ја потврди и актуелниот градоначалник Менди Ќира, кој уште по преземањето на функцијата најави дека продажбата на службеното возило ќе биде една од првите мерки.
Постапката за продажба беше одложена бидејќи автомобилот претходно беше запленет од извршител од Охрид поради финансиските обврски на Општина Струга.
Со завршувањето на аукцијата, возилото официјално премина во сопственост на новиот купувач, а средствата ќе бидат наменети за намалување на финансискиот долг на општината.