ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СЕ МЕНУВААТ ИМИЊАТА – Еве кои се очекува да бидат новите министри

ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СЕ МЕНУВААТ ИМИЊАТА – Еве кои се очекува да бидат новите министри

Реконструкција на Владата / Се состануваат органите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН добива шест министерства

На денот кога се очекува да биде финализирана реконструкцијата на Владата, неофицијални информации до кои дојде Алсат велат дека и во ВМРО-ДПМНЕ и во ВЛЕН во последен момент има промени во имињата и дел од ресорите што претходно беа најавувани.

Според извори од двете владејачки партии, ВЛЕН нема да го добие Министерството за млади и спорт, додека Беким Сали ќе остане министер за европски прашања.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, се очекуваат позначајни кадровски промени. Иван Стоилковиќ, кој претходно најави дека ќе ја напушти функцијата министер за политички систем, се очекува да биде предложен за нов министер за локална самоуправа. Актуелниот министер Златко Перински, според истите информации, би можел да биде назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од Министерството за здравство, а како нов министер се споменува Сашо Клековски.

Имињата на кандидатите на ВЛЕН за министерските ресори Политички систем и Правда сè уште не се објавени.

Премиерот Христијан Мицкоски за попладнево свика седница на партиските органи, на која се очекува да бидат потврдени имињата на новите министри, заменик-министрите, како и директорите на институциите.