ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Ова се причините зошто жените изневеруваат – науката открива нови факти

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Ова се причините зошто жените изневеруваат – науката открива нови факти

 

Се повеќе истражувања ја менуваат досегашната перцепција за неверството, покажувајќи дека не се само мажите тие што изневеруваат, туку и жените – и тоа од причини кои долго време биле погрешно разбрани.

 

Според научни анализи, жените често се соочуваат со монотонија во долгите врски, особено кога станува збор за интимниот живот. За разлика од старите стереотипи, експертите тврдат дека женската сексуална желба е силна, но функционира поинаку – таа е поттикната од ситуации, емоции и нови искуства.

 

Антропологот Венздеј Мартин, авторка на книгата „Untrue“, објаснува дека модерните истражувања ги рушат митовите дека жените имаат помала желба за секс или дека се природно попосветени на моногамијата.

 

„Жените не сакаат помалку секс – туку се заситуваат од истото,“ истакнува Мартин.

 

Истражување од Универзитетот во Мисури покажува дека многу жени кои изневеруваат не го прават тоа поради недостаток на љубов, туку поради незадоволство во интимниот живот. Дел од нив свесно бараат нови искуства и партнери за да го надоместат она што им недостига во врската.

 

Дополнително, студија од Универзитетот во Невада открива дека долгите врски можат повеќе да ја намалат сексуалната желба кај жените отколку кај мажите, што доведува до чувство на рутина и емоционална дистанца.

 

Научниците посочуваат и дека жените реагираат на поширок спектар на сексуални стимули, што значи дека нивната желба за разновидност е поголема отколку што традиционално се мислело.

 

Сепак, експертите нагласуваат дека неверството не е неизбежно. Отворената комуникација меѓу партнерите и разбирањето на потребите може значително да помогнат во одржување на здрава и стабилна врска.

 

Заклучокот е јасен – причините за неверство се многу подлабоки од стереотипите, а клучот за стабилна врска лежи во искреноста и разбирањето меѓу партнерите.