СЕ ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Два земјотреса почувствувани во три држави

СЕ ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Два земјотреса почувствувани во три држави

 

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска во 15:43 часот го вознемири населението во пограничниот регион меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина.

 

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил лоциран на околу 14 километри од Билеќа, на плитка длабочина од приближно 5 километри, што придонело потресот да се почувствува поинтензивно.

 

Иако траел кратко, земјотресот бил доволно силен за да се почувствува и надвор од епицентралното подрачје, особено долж хрватскиот брег, каде што жители на Дубровник и околните места пријавиле вибрации.

 

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

 

Во меѓувреме, сеизмичка активност е регистрирана и во Бугарија. Во раните утрински часови бил почувствуван потрес во југозападниот дел на земјата, со епицентар во близина на Благоевград.

 

Надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата, но засега нема индикации за посериозни последици.