Еве во кое училиште мајка залепила шамар на наставничка на сред родителска

Мајка на ученик ја нападнала наставничката на родителска средба во училиште во скопски Аеродром. Според неофицијалните информации, инцидентот се случил во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

-На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во полицискиот билтен.