Тешка трагедија го потресе бугарскиот град Орахово, каде што животот го загуби 11-годишно момче. Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Според официјалните информации од полицијата, несреќата се случила синоќа околу 20 часот, кога таткото го пронашол својот син без знаци на живот во дворот од семејната куќа.
Иако првично постоеле сомнежи дека станува збор за самоубиство, подоцнежните информации укажуваат дека се работи за трагичен несреќен случај.
Детето, ученик во четврто одделение, според првичните сознанија, си играло само во дворот додека таткото подготвувал вечера за семејството.
Жителите од населбата посочуваат дека момчето најверојатно се качило на дрво, по што дошло до несреќен пад. Се претпоставува дека при падот се заплеткало во декоративни елементи поставени во дворот, при што не успеало да се ослободи.
Според неофицијални информации, можно е детето да се задушило, но точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата.
Случајот е под истрага, а јавноста е во шок од трагичниот исход на овој настан.