НАЈНОВА ВЕСТ: Газда на скопски хотел е тешко претепан – еве кој го тепал!

Вчера, бил нападнат и тешко повреден газда на хотел во Скопје, а како што неофицијално дознава ,,Фокус”, истиот бил нападнат од синови на неговиот кум, кои се со полициско досие.

Од МВР добивме информација дека се случил инцидент, и се трага по напаѓачите кои се во бегство.

-Денеска (16.04.2026) во 21:40 часот во СВР Скопје пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во хотел во Скопје. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на местото од пријавата при што констатирано е дека физички бил нападнат П.Н. од страна на две лица од с.Ржаничино кои по нападот со патничко возило го напуштиле местото. Повредениот со возило од Итна медицинска помош е пренесен во Клинички центар Мајка Тереза за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР за ,,Фокус”.