ВИСТИНСКИ ХОРОР: Двајца браќа ја y6иле сестрата, причината ги остави сите без зборови.
Тешко злосторство ја потресе јавноста во Холандија, каде две браќа се обвинети дека ја лишиле од живот својата 18-годишна сестра, откако откриле дека таа имала љубовна врска.
Според информациите, браќата со сириско потекло го извршиле убиството по наредба на нивниот татко, кој во меѓувреме избегал во Сирија. Случајот веќе е пред судските органи, додека таткото ќе биде суден во отсуство.
Жртвата, 18-годишната Рајан Ал-Џајар, исчезнала од домот на 22 мај 2024 година, а само шест дена подоцна била пронајдена мртва во мочуриште во Лелистад.
Според наодите на судската медицина, девојката била врзана – со залепена уста, раце врзани зад грб и нозе фиксирани со леплива лента, што укажува на особено брутален чин.
Во текот на истрагата, под нејзините нокти била пронајдена ДНК која му припаѓа на таткото. Сепак, обвинителството останува на ставот дека директни извршители на убиството се браќата Мохамед (23) и Муханад (25), кои веќе се изведени пред суд.
Од друга страна, таткото, иако во бегство, признал дека тој ја убил ќерката, но оваа верзија е отфрлена од обвинителството, кое тврди дека браќата ја киднапирале, а потоа ја убиле младата девојка.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста и отвори сериозни прашања за семејното насилство и мотивите зад ова трагично убиство.