Тежок вооружен инцидент ја потресе Турција – во градот Шанлиурфа, во општината Сиверек, утрово (14.04) дојде до пукање во средно училиште, при што најмалку 16 лица се повредени.
Според информациите, 19-годишен поранешен ученик (со иницијали О. К.) пристигнал пред училиштето „Ахмет Којунџу“ вооружен со пушка и отворил оган кон ученици и наставници.
Настанала паника, при што дел од повредените се здобиле со повреди обидувајќи се да избегаат од местото. Напаѓачот подоцна си го одзел животот.
Tурските медиуми пишуваат дека се повредени најмалку 16 ученици, наставници и други вработени во училиштето – некои од самиот напад, а други додека бегале за да се заштитат.
Особено загрижувачки е фактот што трагедијата била најавена. Само неколку дена пред нападот, младиот човек објавил заканувачка порака на социјалните мрежи, што дополнително ја шокира јавноста и отвора прашања дали нападот можел да се спречи.
„Подгответе се, ќе има напад во ова училиште за неколку дена“ – најавил напаѓачот во коментар на социјалните мрежи.
Според првичните информации од истрагата, се претпоставува дека мотивот бил поврзан со лични фрустрации и незадоволство, како и можни проблеми поврзани со училиштето и неговото минато како ученик таму.
Иако точните причини сè уште се утврдуваат, надлежните не ја исклучуваат можноста за психолошки проблеми или чувство на одмазда, со оглед на тоа што напаѓачот бил префрлен во друго „јавно училиште“.
Очевидци сведочат за сцени на хаос и страв – ученици панично бегале, додека наставниците се обидувале да ги заштитат. Итните служби брзо реагирале, а повредените биле пренесени во најблиските болници.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Надлежните институции започнаа опсежна истрага за мотивите и околностите на нападот, додека јавноста во Турција е во шок од овој трагичен настан.