Зошто утринскиот секс е најдобар и зошто треба да ви стане навика?

Најдобриот секс е наутро, веднаш по будењето, тврдат експертите – и има научни причини зошто тоа е така.

Нивото на тестостерон се обновува во текот на ноќта, па затоа е највисоко наутро, а најниско навечер.

– Додека спиеме, телото создава тестостерон за наредниот ден. По будењето, концентрацијата на овој хормон е највисока, заедно со зголемен кортизол. Оваа комбинација е идеална за физички активности, било да е тоа секс или вежбање – вели Алиса Вити, авторка на книгата „In The Flo“.

Повисокото ниво на тестостерон наутро го зголемува либидото и обезбедува посилна возбуда, особено кај мажите.

Сексуалниот терапевт Џеси Зимерман објаснува дека и нивото на естроген кај жените е повисоко наутро, што доведува до зголемен доток на крв во вагината.

Тоа значи дека женското тело се „подготвува“ за секс уште за време на спиењето. Поголемиот доток на крв и природната влажност носат поголема чувствителност и задоволство.

Сепак, експертите забележуваат дека жените се повеќе заинтересирани за секс во првата половина од менструалниот циклус (фоликуларна и овулаторна фаза), додека во втората половина (лутеална и менструална фаза) нивото на кортизол опаѓа, па желбата за интимност е помала.