ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Истрели од возило во движење

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Истрели од возило во движење, полицијата разговарала со три лица

 

Пукање било пријавено ноќеска во скопската општина Центар, откако според информациите од Министерството за внатрешни работи, биле испукани истрели од огнено оружје од возило во движење.

 

Настанот бил пријавен во СВР Скопје на 12 јули 2026 година, околу 1:00 часот по полноќ, по што полициски екипи веднаш излегле на терен и започнале со преземање на мерки за утврдување на сите околности.

 

Во рамки на истрагата, во полициска станица бил извршен службен разговор со три лица, кои се поврзуваат со настанот.

 

Од МВР соопштија дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста. Засега не се соопштени дополнителни информации за евентуално повредени лица или за причините за пукањето.