80 годишниот македонски бизнисмен со многу помладата партнерка ужива на елитна дестинација, а го чека судењето

ФОТО: Трифун Костовски летува во Ровињ додека го очекува судскиот процес за „Еуростандард банка“

 

Македонскиот бизнисмен Трифун Костовски деновиве престојува во хрватскиот туристички бисер Ровињ, додека во Македонија продолжува судската постапка поврзана со случајот „Еуростандард банка“.

 

На социјалните мрежи фотографии од престојот објави неговата партнерка Јасна Петков Костовска, која воедно го прослави и својот 52. роденден.

 

Во својата објава таа напиша:

 

„52. Прекрасен незаборавен ден… Ви благодарам на сите мои прекрасни пријатели за убавите честитки и желби. Поздрав од прекрасниот Ровињ. Да имаме вистински и искрени пријатели е најголемото богатство што можеме да го имаме.“

 

Ровињ важи за едно од најлуксузните и најпосетувани летувалишта на хрватското Јадранско крајбрежје, познато по ексклузивните хотели, марини и туристичка понуда.

 

Во меѓувреме, против Костовски се води судска постапка по обвинението на Јавното обвинителство во предметот поврзан со „Еуростандард банка“. Постапката е во тек, а за обвиненијата по кои се товари одлука ќе донесе надлежниот суд. До правосилна судска одлука, важи презумпцијата на невиност.