Семејна драма во Велес: Жена се обидела да го “скине” сопругот

Обид за убиство во Велес: 30-годишна жена го избодела сопругот со нож

Полицијата приведе 30-годишна жена од Велес под сомнение дека извршила обид за убиство врз својот сопруг за време на семејно насилство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 јули околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Т.Д. (30) од Велес, откако во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна повреда на својот 37-годишен сопруг.

Повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што му била укажана лекарска помош, додека осомничената била задржана во полициска станица.

Полицијата го пронашла и го одзела предметот со кој било извршено делото, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

По целосно документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „убиство во обид при семејно насилство“, согласно одредбите од Кривичниот законик.