ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Почина 24-годишно момче во својот дом во Гази Баба
Скопје денеска го потресе уште една трагична вест, откако 24-годишно момче било пронајдено починато во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во семејниот дом починал М.Ц. (24) од Скопје.
Според првичните информации, младиот скопјанец подолг период имал здравствени проблеми.
Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.