Катастрофална трагедија кај Страцин: Загина млад паланчанец

Трагедија кај Страцин: Загина 28-годишен возач од Крива Паланка

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на магистралниот пат А-2 кај селото Страцин, во која животот го загуби 28-годишен жител на Крива Паланка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот. Патничко возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски таблички, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и со голема сила удрило во бетонски заштитен ѕид.

Возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, додека увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кратово.

Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.