Запленети над 11 кг дроги. Полицајците се фатиле за глава каде ја скриле

Голема полициска акција во Скопје: Запленети над 11 килограми марихуана, кокаин, ЛСД и екстази

Скопската полиција открила поголема количина наркотични средства при претрес на стан во главниот град, при што се запленети над 11 килограми марихуана, кокаин, ЛСД, екстази и други видови дрога.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека акцијата била реализирана на 2 и 3 јули 2026 година од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. Претресот бил извршен врз основа на судска наредба во стан што го користеле лицата со иницијали М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција.

При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола и халуциногени печурки.

Осомничените се задржани во полициска станица, а против нив во итна постапка е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Од МВР посочуваат дека истрагата продолжува, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.