ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА: Автобус со патници се преврте кај границата, има загинати и многу повредени

ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА: Автобус со украински патници се преврте кај границата, има загинати и повредени, пренесива БГ-НЕС

 

Најмалку две лица го загубија животот, а повеќе патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин Мало Трново.

 

Според информациите од локалните власти, шест лица со тешки повреди се пренесени во болниците во Бургас, додека уште десет патници се згрижени во службата за Итна медицинска помош во Малко Трново. Сите повредени биле извлечени од превртеното возило.

 

Во автобусот се превезувале вкупно 39 украински државјани — 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

 

Првичните информации укажуваат дека автобусот застанал на патот поради недостиг на гориво. Според изјавата на градоначалникот на Малко Трново, возилото потоа почнало неконтролирано да се движи наназад, по што се превртело, што довело до трагичниот исход.

 

Екипите на полицијата и итната помош веднаш реагирале на местото на несреќата, а дел од патниците биле привремено сместени во локален центар за згрижување.

 

Надлежните институции започнаа истрага за утврдување на точните причини и околности под кои се случила оваа несреќа.