6-годишно дете по грешка го застрела својот татко – полицаец
Шестгодишно дете по грешка го усмртило својот татко во трагичен инцидент што се случил попладнево во бугарскиот град Пловдив, пренесуваат бугарските медиуми.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 17:30 часот. Жртвата била полициски службеник, а според информациите, детето случајно пукало со неговото службено огнено оружје.
Од бугарското Министерство за внатрешни работи го потврдија инцидентот, додавајќи дека министерот за внатрешни работи, Калин Стојанов, побарал оставка од директорот на Обласната дирекција на МВР во Пловдив.
Надлежните органи вршат увид и истрага за да ги утврдат сите околности под кои дошло до трагедијата. Засега не се соопштени дополнителни детали за случајот.