Радосна вест за дел од пензионерите: Оваа општина почнува со исплата на еднократна финансиска помош

Денеска почнува исплатата на еднократната финансиска помош за 525 пензионери, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

„Денес го потпишав решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите. 525 пензионери од општина Бутел ќе добијат финансиска помош. Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани!

Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик и до крајот на неделата ќе бидат исплатени сите наши пензионери“, објави Костовски.