(ФОТО) ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Комбе излета од патот – има загинати и многу повредени

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Загина најмалку едно лице, 17 повредени откако комбе излета од патот

 

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на магистралниот пат Котор – Никшиќ, во близина на местото Липци, при што, според првичните информации, најмалку едно лице го загуби животот, а 17 лица се повредени.

 

Според неофицијални информации објавени од црногорските медиуми, несреќата се случила околу 13:40 часот, кога патничко комбе од засега неутврдени причини излетало од коловозот.

 

На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата и спасувачките служби, кои им укажале помош на повредените и ги пренеле во Специјалната болница во Рисан.

 

Од Полициската управа неофицијално потврдиле дека во несреќата се повредени 17 лица, додека причините за излетувањето на комбето сè уште се утврдуваат.

 

Истрагата е во тек, а надлежните служби работат на расчистување на сите околности што довеле до оваа трагична сообраќајна несреќа. Доколку бидат објавени нови информации за бројот на жртвите или состојбата на повредените, јавноста ќе биде дополнително информирана.