Авганистан денес беше погоден од земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 190 километри и на 176 километри од градот Кундуз.
Според изјавите на очевидци, објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Пакистан и Индија.