Големата лага во креветот: Зошто жените стенкаат и кога не уживаат во сексот?

Многу мажи живеат во убедување дека гласното стенкање на нивната партнерка е сигурен доказ за нивната „машкост“ и вештина во креветот. Но, науката реши да ја тргне завесата и да открие што навистина се крие зад тие звуци. Една неодамнешна студија спроведена на група сексуално активни жени покажа дека стенкањето за време на секс е многу покомплицирано од обичен израз на задоволство.

Зошто звуците не се секогаш искрени? Истражувачите откриле дека постои огромна разлика помеѓу тоа кога жената навистина доживува оргазам и кога одлучува да биде гласна. Изненадувачки, најголемиот дел од жените во истражувањето потврдиле дека нивните вокализации (стенкање, воздишки, викање) воопшто не се поврзани со нивниот личен врв. Напротив, жените најчесто достигнуваат оргазам за време на предиграта или преку самостимулација, додека за време на самата пенетрација – кога се и најгласни – оргазмот е најредок.

Стенкањето како алатка за „пумпање“ на машкото его Податоците покажуваат дека жените најмногу стенкаат токму во моментот кога мажот се приближува до ејакулација. Научниците го објаснуваат ова како свесен избор. Жените го користат стенкањето за да го „напалат“ партнерот, да му помогнат побрзо да сврши или едноставно да го направат сексот да изгледа како во филмовите. Ова е еден вид манипулација (во позитивна или негативна смисла) со цел да се задоволат очекувањата на мажот и да се заврши сексуалниот чин со негово задоволство.