ТРАМП НАЈАВИ: БЛИЗУ ДО ИСТОРИСКИ ДОГОВОР, ИРАН НЕМА ДА ИМА…

БЛИЗУ ДО ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Трамп со порака – Иран без нуклеарно оружје или следуваат борби

 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Иран се на чекор до постигнување клучен договор, чија главна цел е Техеран трајно да се откаже од развој на нуклеарно оружје.

 

Според него, разговорите напредуваат во позитивна насока и постои силна волја Иран да се откаже од нуклеарното вооружување на подолг рок, без строго временско ограничување.

 

„Да бидеме искрени, нема временско ограничување“, изјави Трамп, потенцирајќи дека договорот треба да обезбеди долгорочна стабилност и безбедност.

 

Тој најави и нова рунда преговори што би можела да се одржи за време на викендот, додавајќи дека Иран покажува значително поголема подготвеност за компромис во споредба со ситуацијата пред два месеца.

 

Во меѓувреме, Трамп откри дека би размислил и за патување во Пакистан доколку таму се финализира мировен договор, што дополнително ја нагласува сериозноста на дипломатските напори.

 

Сепак, американскиот претседател испрати и јасно предупредување – доколку не се постигне договор, конфликтот може да ескалира.

 

„Ако нема договор, борбите продолжуваат“, порача Трамп, оставајќи отворена можност за нови тензии на меѓународната сцена.