Според преброени 6,56% од гласовите, на парламентарните изборик во Унгарија, што се одржаа денеска, паијата Тиша води по места
Според најновите податоци, со преброени 6,56% од гласовите, Тиша моментално води по места.
Распоредба на места:
Тиша – 110 (39 од листи, 71 поединечно)
Фидес–КДНП – 71 (45 од листи, 26 поединечно)
Ми Хазанк – 9 (9 од листи)
Маѓар: Оптимисти сме
„Ги видовме неодамнешните анкети и врз основа на податоците за излезноста и податоците што ги добивме, оптимисти сме“, рече Петер Маѓар на официјалниот прием на партијата Тиша за објавување на резултатите. Тој верува дека високата излезност значи неколку работи, како на пример дека мнозинството Унгарци сфатиле колку се важни овие избори и потврди дека граѓаните направиле историја.
„Ова стана и ќе продолжи да биде прослава на демократијата“, рече Маѓар.
Но, тој додаде и дека „примиле илјадници пријави за изборни измами“.
Тој им се заблагодари на повеќе од 50.000 волонтери од Тиша кои служеа како пребројувачи на гласови и надворешни набљудувачи за да обезбедат интегритет на изборите.