Ова е единствениот потег кој Путин не би му го простил на Трамп: Ако го направи тоа, ќе има борба

Русија не сака да види инвазија, блокада или било каков друг притисок врз Куба, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Куба е долгогодишен партнер на Русија, наш добар пријател и не би сакале да видиме како некоја земја врши инвазија“, кажа Песков.

Песков додаде дека не може да ги коментира гео-политичките цели на САД во светот, со напомена дека тоа се прашања за американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел кажа дека САД нема оправдана причина за воен напад врз нив.

„Ако се случи такво нешто, тогаш ќе има борба“, кажа Дијаз-Канел.