МОРНИЧАВ СЛУЧАЈ: 51-годишен маж пронајден мртов во домот

На 12 април 2026 година, во 09.44 часот, во ЦИК Охрид, 58-годишна жена од Охрид пријавила дека во неговиот дом во Охрид бил пронајден починат нејзиниот 51-годишен брат.

– Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.