Мицкоски кажа какви цени очекува од следната недела во Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека состојбата со нафтените деривати е стабилна, а притоа посочи дека цените на горивата се најниски во регионот.

Мицкоски кажа дека ја следат будно ситуацијата со нафтата и посочи дека постои можност за дополнителни намалувања од следната недела или најмалку цените да останат исти.

„Во зависност од цените на берзата, такви ќе бидат и акцизите“, додаде премиерот.

Бензинот БС-95 во моментов се продава за 82 денари, додека БС-98 за 84 денари, а цената на дизелот е 95,5 денари за литар.