Летале боксови меѓу двајца колеги вработени во скопски хотел!

Двајца млади жители на Скопје, вработени во хотел во општина Аеродром, вчера се степале поради работни обврски, објави полицијата.

 

„На 10.04.2026 година околу 22:30 часот, Службата за внатрешна јавна безбедност во Скопја добила пријава дека пред хотел во подрачјето на општина Аеродром во Скопја, по претходна расправија околу работни обврски, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу Ф.И. (28) и Б.М. (36), двајцата од Скопје, вработени во хотел.

 

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај“, известува МВР.