ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Потрес почувствуван во југоистокот – еве ги деталите
Слаб земјотрес беше регистриран вечерва во југоисточниот дел на Македонија, во близина на Дојранскиот регион.
Според официјалните податоци, потресот се случил во 22:26 часот и имал јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, што го класифицира како многу слаб земјотрес.
Епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а ваквите слаби потреси се честа појава во овој регион.