(ВИДЕО) Откриени последните зборови на момчето кое пукаше во Турција

Иса Арас Мерсинли, кој беше ученик во осмо одделение, во средата изврши напад со огнено оружје во основно училиште во Караманмараш.

Во нападот загинаа девет лица, а 17 се повредени, но сега пристигнуваат нови детали од нападот кој ја шокира цела Турција.

Еден од сведоците открива дека забележал како двајца наставници и еден работник се мачеле да го запрат напаѓачот.

„Скокнавме врз него и се обидувавме да му ги врземе рацете. Постојано даваше отпор, постојано викаше: Простете ми, простете ми“, раскажува сведокот.