Четворица државјани од Индија веќе 40 дена се наоѓаат заглавени во Скопје, откако не успеваат ниту да влезат ниту да излезат од земјата поради проблеми со визите и авионските билети пренесува d7-news.
Според нивните тврдења, на 7 април се појавиле на шалтер за чекирање, но им бил одбиен boarding без писмено образложение. По ова, нивниот статус бил означен како „no show“, што, како што наведуваат, дополнително им оневозможило рефундација на билетите.
Тие тврдат дека во меѓувреме биле принудени повеќепати да купуваат нови билети, при што досега потрошиле над 6.000 евра, без да успеат да отпатуваат.
Во обид да го решат случајот, биле контактирани повеќе институции и авиокомпании, меѓу кои Qatar Airways, Pegasus Airlines, Амбасадата на Индија во Доха, Амбасадата на Катар, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерството за транспорт, како и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт и други надлежни тела.
Сепак, до овој момент, како што наведуваат засегнатите, нема конкретен одговор ниту решение.
Случајот отвора прашања за функционирањето на системот и координацијата меѓу авиокомпаниите, а патниците најавуваат дека повторно ќе се обидат да отпатуваат со ново купени билети.