СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ОХРИД: 62-годишна жена ги тепала роднините по ред

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ОХРИД: Уапсена 62-годишна жена по физички напад врз роднини

 

Полициски службеници вчера попладне привеле две лица по инцидент што се случил во семејниот дом на нивните родители во Охрид.

 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 17:00 часот од слобода биле лишени А.Д. (59) од Струга и Ж.С. (62) од Охрид.

 

Како што соопшти МВР, претходно во семејниот дом избувнала вербална расправија меѓу членовите на семејството, по што 62-годишната Ж.С. физички нападнала свои роднини.

 

По интервенцијата на полицијата, двете лица биле приведени, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надлежните работат на утврдување на сите околности што довеле до семејниот инцидент.