НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Од полноќ поскапуваат сите горива – дизелот со скок од 5,5 денари по литар
Возачите од вечерва повторно ќе плаќаат повеќе за гориво. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново зголемување на цените на нафтените деривати, кое стапува на сила од полноќ.
Според новата одлука, цените на горивата во просек се зголемуваат за 3,59 проценти, а најголемото поскапување го има дизелот.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и од полноќ ќе изнесува 87,00 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за 1,50 денари, па новата цена ќе биде 89,00 денари за литар.
Најголем раст има кај ЕУРОДИЗЕЛ, кој поскапува за 5,50 денари. Од полноќ, еден литар дизел ќе се продава по цена од 88,00 денари.
Новите малопродажни цени ќе важат од 00:01 часот, па возачите кои сакаат да избегнат повисоки трошоци имаат можност да ги наполнат резервоарите пред стапувањето на сила на новиот ценовник.