Среќа во несреќа – Пожарникари пожарникари извлекоа повреден возач од целосно уништено возило

ФОТО: Страшна сообраќајна несреќа во Крива Паланка – пожарникари го извлекуваа повредениот возач од целосно уништено возило

 

Сериозна сообраќајна несреќа се случила вчера на улицата „Партизанска“ во Крива Паланка, при што било потребно да интервенира Територијалната противпожарна единица за да го извлече повреденото лице од автомобилот.

 

Според информациите од ТППЕ Крива Паланка, веднаш по добиената дојава, на местото на несреќата пристигнале едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Со специјализирана интервенција тие успеале да го извлечат повредениот од оштетеното возило, по што бил предаден на екипа на Итната медицинска помош.

 

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека автомобилот претрпел сериозни оштетувања, што сведочи за силниот удар.

 

Во моментов не се соопштени повеќе информации за причините за несреќата, ниту пак е позната здравствената состојба на повреденото лице.

 

Надлежните служби извршиле увид, а се очекуваат дополнителни информации по завршувањето на


истрагата.