ВИДЕО: Колумбиска навивачка излезе низ прозорецот на автомобилот за да ги покаже гpадите, па падна додека возилото беше во движење.

СЛАВЕЊЕТО ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАВРШЕШЕ ТРАГИЧНО: Навивачка на Колумбија падна од автомобил додека ја славеше победата

Еуфоријата по победата на Колумбија за малку ќе завршеше со трагедија, откако навивачка падна од автомобил за време на прославата на пласманот на репрезентацијата во осминафиналето на Светското првенство.

Според локалните медиуми, жената излегла низ прозорецот на автомобилот во кој се возела и, во знак на славење, го соблекла градникот додека возилото полека се движело низ улиците.

Снимка што се прошири на социјалните мрежи покажува како таа со горниот дел од телото е надвор од возилото, ги крева рацете во воздух и слави, но во еден момент губи рамнотежа и паѓа на асфалтот.

По падот, жената изгледала дезориентирано додека се обидувала да стане, по што луѓето кои биле во близина веднаш ѝ притрчале на помош.

Според информациите, таа била пренесена во болница со полесни повреди и потрес на мозокот. Ноќта ја поминала под лекарски надзор, а следното утро била пуштена на домашно лекување.

Полицијата го казнила возачот на автомобилот затоа што ѝ дозволил на сопатничката да се вози надвор од возилото, со што ја загрозил нејзината безбедност.

Прославата следувала по победата на Колумбија со 1:0 над Гана, со која репрезентацијата обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство. Видео после рекламите 👇👇👇