Кражба како на филм – На возрасна жена и украле полна чанта со пари

НОВ ГРАБЕЖ ВО СКОПЈЕ: На 61-годишна жена ѝ ја истргнале чантата со пари, документи и мобилен телефон

Во Скопје е пријавен уште еден случај на грабеж, при кој жртва била 61-годишна жена.

Според информациите од полицијата, жената пријавила дека на 7 јули околу 22:35 часот, на подрачјето на Бит Пазар, непознат сторител со употреба на физичка сила ѝ ја одзел чантата.

Во чантата се наоѓале паричник, лични документи, пари, мобилен телефон и други лични предмети.

Од СВР Скопје соопштија дека се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.