Cе делат бесплатни кондоми за навивачите на Светското првенство – еве колку милиони
Здравствените власти во Мексико најавија бесплатна дистрибуција на милиони кондоми за време на Светското првенство во фудбал 2026.
Според странските медиуми, за време на турнирот ќе бидат поделени околу 6 до 7 милиони кондоми во градовите домаќини и туристичките зони.
Целта на кампањата е да се спречи ширењето на сексуално преносливи инфекции и да се промовира одговорно сексуално однесување во периодот кога се очекуваат милиони навивачи од целиот свет.
Иницијативата се спроведува во пресрет на Светското првенство 2026, кое заеднички го организираат САД, Мексико и Канада. Покрај спортскиот спектакл, властите се подготвуваат и за здравствените предизвици што ги носи ваков голем меѓународен настан.
Во Канада, исто така, се најавени локални кампањи за бесплатна дистрибуција на кондоми, додека во САД засега нема информации за слична програма на национално ниво.