ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА: Прерано згасна животот на младиот Михаел Цанков –
Македонија вечерва ја потресе уште една тажна вест. Почина младиот Михаел Цанков – Мињо, долгогодишен член и поддржувач на навивачката група „Комити“, чија смрт предизвика голема тага меѓу неговите пријатели, навивачи и познаници.
Од навивачката група „Комити Скопје“ преку објава на социјалните мрежи се простија од својот соборец, истакнувајќи дека Михаел бил човек кој голем дел од својата младост го поминал на трибината, секогаш верен на клубот и на своите другари.
„Денес нè напушти Михаел Цанков – Мињо. Уште еден брат од трибината, уште еден од оние кои својата младост ја оставија на трибините. Засекогаш ќе останеш дел од нашето семејство“, стои во нивната емотивна порака.
Од „Комити“ упатија искрено сочувство до семејството, роднините и сите негови пријатели, нагласувајќи дека споменот за Михаел ќе продолжи да живее меѓу сите што го познавале.
Веста за неговата смрт брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни пријатели, познаници и членови на навивачката група објавуваат пораки на тага, сеќавања и последни поздрави, изразувајќи поддршка и сочувство до неговото семејство во овие тешки моменти.
Причината за смртта засега не е соопштена.