Над 100 заразени на крузер во САД, се сомневаат на норовирус
Повеќе од 100 патници и околу 23 членови на екипажот на крузер на компанијата Princess Cruises се сомнева дека се заразиле со норовирус, соопштија американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC).
Бродот „Ruby Princess“ испловил на 12 јуни од Сан Франциско кон Алјаска и Канада, а враќањето било планирано за 2 јули. Околу две недели по испловувањето, CDC пријави појава на епидемија, која се смета за таква кога ќе заболат најмалку три проценти од патниците. На бродот се наоѓале 3.032 патници и 1.144 членови на екипажот.
Крузерот во четвртокот се закотвил во Сан Франциско, каде што започнала темелна дезинфекција.
Норовирусот е многу заразен и предизвикува симптоми како дијареја и повраќање, а се пренесува преку контакт со контаминирани површини или заразена храна.
Здравствените власти препорачуваат често миење на рацете со вода и сапун како најдобра мерка за спречување на ширењето на инфекцијата.
Крузерите се сметаат за средини со висок ризик за ширење на заразни болести поради големиот број патници кои престојуваат во непосредна близина.
Заразените лица се изолирани, додека процесот на дезинфекција на бродот продолжува.