Вознемирувачка снимка од Аеродром: Малолетно девојче нападнато од врснички, случајот предизвика бурни реакции
Вознемирувачко видео кое се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, откако на него се гледа напад врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром.
Според снимката, девојчето е на колена и моли нападот да престане, додека неколку други малолетни девојчиња го навредуваат, физички го напаѓаат и го влечат за коса.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што дел од присутните не се обидуваат да го спречат насилството, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги охрабруваат напаѓачите.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што граѓаните бараат институциите да го испитаат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни мерки против одговорните.
Експертите со години предупредуваат дека врсничкото насилство, особено кога се снима и јавно се споделува на интернет, може да остави сериозни психолошки последици врз жртвите и дополнително да го продлабочи проблемот.
Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.