3 часа го барале во море мислејќи дека се удавил, сопругата го нашла во кафич со другарите

Се сомневаа дека се удавил, а сопругот мирно пиел додека семејството го барало

Маж од Косово во текот на понеделникот бил пријавен за исчезнат во туристичкото место Шенѓин, во Албанија.

Поради тоа што подолго време немало никаква информација за него, семејството се посомневало дека можеби се удавил во морето, по што започнала потрага.

Сепак, приказната добила неочекуван пресврт. Според информациите од локални извори, мажот бил пронајден жив и здрав, а во моментот кога неговите најблиски биле загрижени и го барале, тој мирно седел во кафуле и пиел со другарите.

По неговото пронаоѓање, семејството се уверило дека е во добра здравствена состојба, а инцидентот завршил без посериозни последици.