Земјотрес ноќва ја потресе источна Македонија – почувствуван во регионот на Пехчево
Во текот на ноќта, источниот дел на Македонија беше погоден од земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала, информираат надлежните служби.
Потресот е регистриран во 00:22 часот, во близина на Пехчево, на координати 41.800° северна географска ширина и 22.880° источна географска должина, на длабочина од околу 16,3 километри.
Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван од жителите во овој регион, но за среќа не се пријавени материјални штети.
Се работи за послаб земјотрес, кој предизвикал краткотрајно нишање, без посериозни последици за населението.