Со изведување на докази за долгогодишното семејно насилство, продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда и наведување на самоубиство. Неговата сопруга Ивана Стојаноска, по години насилство, на 2 март си го одзеде животот заедно со 6-годишната ќерка Катја.
Во судница беа пуштени вознемирувачки аудиоснимки од повици на 112 – соседи, роднини и самата Ивана пријавувале насилство. Детето во еден од повиците плаче и вреска: „Ќе ја убие мама“. И покрај бројните пријави, насилството не било соодветно препознаено.
👉 Прочитај повеќе: https://sdk.mk/