ШОК ИЗЈАВА ОД АРГЕНТИНА: Ѓоковиќ може да стане претседател на Србија – но има сомнежи!
Аргентинската новинарка и писателка Маријана Енрикес предизвика бурни реакции со својата изјава дека светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, доколку посака, би можел да стане претседател на Србија.
Таа нагласи дека вакво сценарио е можно, но изрази надеж дека тоа нема да се случи, посочувајќи дека Ѓоковиќ не ги изразува јасно своите политички ставови, иако, според неа, постои чувство дека е конзервативно ориентиран. Дополнително, Енрикес потенцира дека припадноста кон Православната црква носи значајна политичка тежина на Балканот.
Изјавата доаѓа во период кога Ѓоковиќ отворено ги поддржа студентските протести, што предизвика силни критики од власта, а како последица неговиот турнир беше преместен во Грција.
Енрикес се осврна и на неговото минато, потсетувајќи на изјава од 2008 година поврзана со Косово, која тогаш предизвика силни реакции во јавноста. Според неа, токму поради тоа, тенисерот станал повнимателен во јавните настапи.
Како исклучок го посочи периодот на пандемијата со ковид-19, кога ставовите на Ѓоковиќ, како и на неговиот татко, беа јасно изразени и предизвикаа глобално внимание.
Таа се наврати и на контроверзата во Мелбурн во 2022 година, кога Ѓоковиќ беше во центарот на светската јавност, истакнувајќи дека ретко кој врвен спортист би поминал низ слична ситуација.
Изјавите на Енрикес повторно го отворија прашањето за влијанието на спортските ѕвезди во политиката и нивната улога во општеството.