ШОК ИЗЈАВА ОД ТРАМП: „НЕ МИ ТРЕБА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА ИРАН!“ – ДАЛИ СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА НОВ КОНФЛИКТ?!
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати силна и контроверзна порака во врска со тензиите со Иран, истакнувајќи дека САД немаат потреба да користат нуклеарно оружје во евентуален конфликт со Техеран.
Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп нагласи дека нуклеарното оружје не треба да се користи, ниту да му биде дозволено на било кого, алудирајќи на глобалната опасност од такви сценарија.
„Зошто би користел нуклеарно оружје? И без тоа, ние веќе покажавме дека можеме да делуваме ефикасно со конвенционални средства“, изјави Трамп, додавајќи дека американската воена моќ е доволна за брза реакција.
Тој отиде чекор понатаму со тврдења дека иранската воена инфраструктура е сериозно ослабена.
„Нивната морнарица ја нема, нивното воздухопловство е уништено, а воздушната одбрана не постои. Дури и ако се обиделе да се зајакнат во последните недели, ние можеме да го неутрализираме тоа за само еден ден“, нагласи американскиот лидер.
На прашањето за можен мировен договор со Иран, Трамп беше јасен – не брза, но сака трајно решение.
„Не ме брзајте. Можев веднаш да постигнам договор, но сакам најдобар и долгорочен договор, не нешто привремено“, истакна тој.
Во својот настап, Трамп предупреди и за катастрофалните последици од евентуална нуклеарна ескалација, особено за Европа.
„Нема ништо пострашно од нуклеарен холокауст. Градови како Лондон, Париз и делови од Германија би биле директни цели“, изјави тој, додавајќи дека вакво сценарио мора по секоја цена да се избегне.
Изјавите на Трамп доаѓаат во време на зголемени геополитички тензии, што дополнително ја засилува загриженоста на меѓународната заедница за можен нов конфликт на Блискиот Исток.