ХАОС НА ПАТ: Мотоциклист со тешки повреди по судир

Вo 7.04.2026 во 21:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со гостиварски ознаки, управувано од А.Ш.(38) од Врбјани и мотоцикл со тетовски ознаки, управуван од С.Б.(23) од Тетово.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира СВР Тетово.

 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.