(ФОТО) Филипче: Мицкоски, повторно зборуваш за името, па зошто не го враќаш БЈРМ?

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на неговиот профил на социјалните мрежи објави порака упатена кон премиерот Христијан Мицкоски.

„Мицкоски денеска повторно зборува за името. Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето на вистината“, објави Филипче.