Филипче: Ако власта ја укине техничката влада, ќе ја повлечам пратеничката група

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче кажа дека ставот на неговата партија е дека техничката влада не треба да се укине.

Филипче вели дека таа е единствена гаранција за одржување на фер и демократски избори.

„Доколку денеска овој закон помине на комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на Изборниот закон. Овој закон за влада и укинување на пржинска влада мора власта да го повлече“, вели Филипче.