ТАЖНА ВЕСТ ОД РЕГИОНОТ: Почина пејачката на познатиот бенд!

Пејачката Марија Миленковиќ од Barakuda bend починала кон крајот на април на 48-годишна возраст, објавија вечерва белградските медиуми. Зад себе остави неутешно семејство и две деца.

Тажна вест доаѓа од Белград: Почина познатата српска пејачка од бендот Баракуда

Нејзината погребна церемонија се одржала на 28 април на гробиштата во Врњачка Бања, каде што од неа се простија и бројни сограѓани, истакнувајќи колку била сакана.

„Марија, ќе останеш во сеќавање како глас, насмевка и добрина што не се заборава. Нека ти е лесна земјата, а на оние што те сакаа нека им остане утеха што те имаа. Збогум, Марија“, стои во објава на Фејсбук страницата каде што ѝ оддадоа почит.

Да потсетиме, Марија беше член на „Barakuda bend“, а заедно со Славко Бањац го сними хитот „Anđeli u svili“.